Почитувани,Задоволство ни е да ве поканиме на настанот „Партнерства на граѓанските организации со бизнис секторот за промовирање фер односи на пазарот – сертификат Фер со потрoшувачот. Настанот ќе се одржи на 19-ти декември 2018 (среда), од 11:30 до 13:20 часот, во хотелот Холидеј Ин, Скопје (Сала „Скала 1“) и е во организација на Здружението на консултанти и бизниси „Креација“, Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Организацијата на потрошувачите на Македонија, а е финансиран од Европската унија.Ви праќаме во прилог покана и дневен ред за настанот. На настанот ќе се претстават практики на соработка на граѓанските организации и компаниите за промовирање фер односи на пазарот меѓу трговците и потрошувачите. Ќе се претстави и сертификацијата „Фер со потрошувачот“ која ја вршат граѓанските организации и со која компаниите можат на едноставен начин да им потврдат на потрошувачите дека се грижат да бидат задоволни со нивните производи и услуги и да се заштити животната средина.
За потврда на вашето учество и за дополнителни информации, ве молиме контактирајте го г. Павле Костоски (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.), 070/266-931).
![]() |
![]() |